Правила за Емисијата
1. Општи правила и процедури
Квизот „ СЕ ИЛИ НEШТО“ ќе се емитува на Сител ТВ, еднаш неделно, за време на викендот во primetime , со однапред најавени репризни изданија . Квизот ќе трае 55 минути.
Сител ТВ (во понатамошниот текст – организатор) однапред утврдува дека Право на учество имаат сите државјани на Република Македонија, со 18 години, кривично неосудувани и негонети.
Право на учество немаат вработените во Сител ТВ и спонзорите со најблиското семејство (животна заедница на родители, деца и други роднини кои живеат во иста заедница – домаќинство според Законот за семејство, член 2, од 1993 година.).
Неуспехот да се обезбеди доказ за квалификуваноста во разумен временски период, по барање на организаторот, може да резултира со дисквалификација и/или повлекување на наградата.
За секој квиз „ СЕ ИЛИ НEШТО “, според однапред утврдена процедура и систем на селекција за избор на учесници, се избира еден (1) за да се натпреварува за наградата.
2. Избор на натпреварувачи (Прв дел – телефонско пријавување)
Пријавување преку телефон:
Пријавувањето на потенцијалните учесници ќе се одвива преку телефонот 071 795 105 за сите мобилни и фиксни оператори во Р. Македонија со SMS или со говор.
Цената на повикот или на SMS пораката е според редовната тарифа.
при повикот потенцијалниот учесник комуницира со техничкиот организатор на квизот и потребно е да му соопшти точни лични податоциот заради понатамошна комуникација во врска со селекцијата.
3. Избор на натпреварувачи (Втор дел – пријавување преку интернет):
Пријавување преку интернет:
Електронската пошта за пријавување преку интернет е поставен на видливо место на веб страницатаwww.sitel.com.mk
Во поштата, потребно е да се внесат име и презиме, адреса, телефонскиот број на потенцијалниот учесник, како и куса биографија со мотив за учество.
4. Избор на натпреварувачи
Избор преку интервју:
Врз основа на податоците во апликацијата на електронската пошта како и врз основа на телефонските јавувања или смс пораки Комисијата за избор ,учество и регуларно одвивање на квизот „СЕ ИЛИ НEШТО“, ќе изврши потесна листа на кандидати кои ќе бидат повикани на интервју.
Интервјуто ќе се состои од пополнување лична изјава ,разговор и елиминациски прашања со кои ќе се стекнат целосни сознанија за знаењата, вештините и профилот на потенцијалните учесници.
Од кандидатите повикани на интервју ќе бидат избрани учесници кои ќе се стекнат со право да учествуваат во квизот.
Учесниците кои ќе се стекнат со право да учествуваат во квизот ќе бидат јавно објавени, поединечно за секоја емисија.
Учесниците поединечно ќе треба да потпишат изјава или договор со организаторот ,кој ќе содржи права и обврски на учесникот и организаторот , начин на одвивање на квизот како и начини на решавање на спорни ситуации.
Организаторот на квизот има дискреционо право на избор на потенцијални учесници на квизот.
5. Општи правила на играта во квизот „СЕ ИЛИ НЕШТО“:
Највисоката награда која може да ја освои учесникот во една епизода на квизот „СЕ ИЛИ НЕШТО“ е 1.000.000 денари.
Највисокиот износ е во една од 26 кутии на сцената. Во останатите се другите износи предвидени во т.н. Дрво на парите кое е видливо поставено на Video BIM на сцената.
Никој освен за тоа овластено лице од страна на организаторот на квизот не знае која кутија колкав износ содржи.
На почетокот на квизот учесниците по пат на извлекување избираат поединечна кутија.
Од имињата на учесниците се извлекува главниот натпреварувач кој со својата кутија излегува на сцената кај водителот
Следува првиот круг кога треба да се отворат првите шест кутии. По по отворањето на шестата кутија и шестиот откриен и елиминиран износ од „Дрвото на парите“, следува првата понуда на банкарот.
Единствена цел на банкарот е врз основа на своите анализи да ја откупи кутијата од учесникот што е можно поевтино.
Откако ќе ја чуе понудата, учесникот според своите проценки и анализа на натамошниот развој на квизот и можностите за успешно продолжување на квизот и подобра понуда од Банкарот, треба да каже дали прифаќа ја или ја одбива. Ако ја одбие, квизот продолжува.
Учесникот својот одговор го соопштува само откако ќе го чуе прашањето на водителот на : „КАЖИ ДАЛИ ПОНУДАТА ВАЖИ?“. Само по тоа може да го каже својот одговор базиран на неговите анализи.
Доколку одбил, следува вториот круг во кој се отвораат 5 кутии и се елиминираат исто толку позиции од Дрвото на парите.
Ако во текот на квизот учесникот одлучи да прифати конкретна понуда на банкарот во било кој круг од квизот, тоа треба да го соопшти само откако ќе го чуе прашањето на водителот („КАЖИ ДАЛИ ПОНУДАТА ВАЖИ“).
Банкарот, според својата логика, по кругот од 5 отворени кутии ја соопштува втората понуда.
Во наредните кругови се отвораат 4, 3 и 2 кутии по што, доколку учесникот не прифати некоја од понудите после овие кругови, следуваат отворања од само по една кутија и елиминација на една по една позиција од Дрвото на парите. По секое отворање на по една кутија во овој круг од квизот, следува и по една понуда од банкарот.
Врз основа на тоа кои позиции од Дрвото на парите остануваат во игра како и врз основа на своите проценки и анализи на текот на квизот, банкарот ја утврдува својата понуда.
Доколку учесникот одлучи да ја прифати понудата на банкарот во момент кога останале одреден број неотворени кутии, квизот се довршува до последната кутија за да се види како би било доколку учесникот не ја прифатил понудата на банкарот.
Доколку не се прифатени понудите и натпреварувачот ја игра играта до самиот крај , пред последното отворање т.е. пред моментот кога се отвора кутијата на натпреварувачот за да се дознае освоениот износ , банкарот има право , но и не мора да му понуди замена на кутиите.
6. Исплата на освоените суми
Сите освоени суми во квизот “СЕ ИЛИ НЕШТО” им се исплаќаат на учесниците исклучиво на нивните трансакциони сметки отворени во банката спонзор на квизот
Сите суми во квизот “ СЕ ИЛИ НЕШТО ”, се БРУТО суми односно не се
оданочени според Законот за данок на доход на други видови приходи – персонален данок.
Организаторот на квизот “ СЕ ИЛИ НЕШТО ”, се обврзува да ги исплатува НЕТО вредностите на освоените суми на следниот начин:
1. Освоени суми во вредност од 10 до 60.000 денари најдоцна за 45 дена.
2. Освоени суми во вредност над 60 000 до 200.000 денари најдоцна за 90 дена.
3. Освоени суми над 200 000 до 1.000.000 денари најдоцна за 180 дена
Рокот почнува да тече по емитувањето на квизот во која учесникот го завршил учеството.
Доколку се изменат одредбите на цитираниот Закон за данок на приход на други видови приходи – персонален данок, организаторот на квизот ќе ги извести учесниците на кои ќе треба да им се исплатат наградите според новите изменети одредби.
7. Завршни одредби
Одредбите во овој документ (Правила и процедури за пријавување и учество во квизот “СЕ ИЛИ НЕШТО” имаат за цел целосно и недвосмислено да информираат за правилата и условите за пријавување и учество во квизот “СЕ ИЛИ НЕШТО”
Со овој документ се става до знаење дека податоците што ги отстапуваат потенцијалните учесници во квизот се само и исклучиво за потребите на квизот “СЕ ИЛИ НЕШТО”
Овој документ има за цел недвосмислено да ги информира оние што се во роднински врски со било кој вработен во Сител ТВ дека немаат право да учествуваат во квизот “СЕ ИЛИ НЕШТО”
Овој документ има за цел недвосмислено да информира дека сите снимени, печатени и други записи на кои се имињата, фотографиите или видео материјалите со ликовите на потенцијалните учесници и учесниците во квизот “СЕ ИЛИ НЕШТО” ,се сопственост на Сител ТВ и дека можат да се користат за промотивните активности на Сител ТВ без паричен надомест за лицата што се појавуваат со лик или име во тие материјали.
Организаторот на квизот ги советува сите учесници, своите колебања и сомнежи во врска со примената и одредбите на овие правила и процедури да настојуваат во целост да ги разјаснат и расчистат во текот на одржувањето на пробното снимање на секој квиз.
Доколку во текот на снимањето на квизот сепак некој од учесници смета дека нешто не се случило во склад со одредбите на овие правила и процедури или смета дека тој е на било кој начин оштетен бидејќи не се почитувани одредбите на овие правила и процедури, должен е веднаш, на самото место да реагира, побара објаснување или интервенција на организаторот.
Сите вработени во Сител ТВ и сите ангажирани соработници на продуцирањето на квизот “СЕ ИЛИ НЕШТО” се обврзани строго да ги чуваат деловните и продукциски податоци поврзани со квизот “СЕ ИЛИ НЕШТО”
Ниту еден вработен во Сител ТВ и ниту еден од ангажираните соработници на продуцирањето на емисијата “СЕ ИЛИ НЕШТО” не смеат по било кој основ да даваат какви било изјави за медиумите (интервјуа за печат или електронски медиуми) поврзани со организацијата и продукцијата на квизот.
Изјави за медиумите (интервјуа за печат или електронски медиуми) поврзани со организацијата и продукцијата на квизот е овластен да дава само Извршниот продуцент на Сител ТВ или лицата што тој ќе ги овласти.